Во само две седмици Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ заедно со клубовите „Моби Дик“ и „Охрид 2011“ организираа ракометни турнири за девојчиња односо момчиња. На нив учестуваа екипи од Охрид, Струга, Ресен, Кичево и Скопје.

– Ова преставува само почеток на соработката меѓу охридските клубови и Јавното претпријатие. Ние секогаш ќе настојуваме да организираме вакви турнири поради дечињата кои на вакви турнири не само што се натпреваруваат се дружат и забавуваат. Во иднината ќе ги збогатиме ови турнири со повеќе екипи од цела Македонија – рече в.д. директорот Иван Цветскоски.

Охридскиот ракометен состав на дебитанскиот настап на еден ваков турнир го освои третото место. „Гладијаторите“ во малото финале ја совладаа екипата на Младост со 15-7 и ја освоија бронзата.

– Задоволен сум од резултатот и пласманот на мојата екипа на турнирот, кој се одржа во Охрид. Ваквите манифестации мора да продолжат во иднина поради што се крева популарноста на ракометот во Охрид – смета Ѓоко Апостолов, тренер на Охрид 2011.

Мх.П.