Трета година по ред во организација на “Стронг Џим“,а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт ќе се одржи турнир во туркање на рака.
Плоштадот Македонија во Скопје е местото , а стартот на турнирот се закажан за 13 часот.
Турнирот ќе биде поделен во четири категории: прва категорија до 75 килограми, втора категорија од 75 до 85 килограми, трета категорија од 85 до 95 и четвртата категорија над 95 килограми.
Пријавувањето трае до 12 часот, а сите заинтересирани лица можат да се пријават во Агенцијата за млади и спорт или на самиот плоштад.