Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт Младински Совет Охрид ,во соработка со спортско  – риболовниот клуб Св. Апостол Петар, го организираше вториот турнир во спортски риболов за кадети и јуниори.


Турнирот започна во 09.45 часот со влечење на ждребка за позиции на стазите и објаснување на правилата за натпреварување, а натпреварувачкиот дел во 10.00 до 12 часот, после што следеше мерење на уловената риба.


 На турнирот во дисциплината „Лов на риба со јадицца на пливка“, се натпреваруваа индивидуално 26 деца на возраст од 9 до 14 години од основните училишта од општина Охрид: ОУ Христо Узунов, ОУ Братство Единство, ОУ Григор Прличев, ОУ Св. Наум Охридски – с. Пештани, ОУ Живко Чинго – населено место Велгошти, ОУ Ванчо Николески – с. Косел.



За регуларноста на натпреварот се грижеше Димче Мајкоски – државен и меѓународен судија во спортски риболов.

Младински Совет Охрид им додели награди и дипломи на натпреварувачите за освоено прво, второ и трето место, за најмладиот учесник, како и тапа за учесникот кој имаше уловено најмалку риба. Прво место освои Иво Михајлоски со уловено 1.715 грама, второ место, Стојан Стојаноски со уловено 1.470 грама и трето место Живко Здравески со уловено 1.380 грама. Климент Најдоски беше најмладиот учесник на турнирот со 9 години. Наградите за прво и второ место беа ибезбедени од ,,Трофеј,, а за трето место од „Бистро“.


За секој од наптреварувачите донаторот Слатка куќа – СВИССЛИОН, обезбеди освежување – чоколадо и сок.

ohridnews