Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ќе организира турнир во голем фудбал за деца по повод завршување на учебната година.
– Ќе организираме турнири во голем фудбал, ракомет, а кошаркарскиот веќе го завршивме. Со турнирите сакаме да ставиме точка на учебната година и со спортски натпревари да ги испратиме дечињата на летен распуст – потенцираше директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.
Турнирот во голем фудбал на програмата е в четврток додека ракометниот турнир е викендов што доаѓа.
Мх.П.