Со организација на аматерски турнир во баскет во Основното училиште „Григор Прличев“, Општина Охрид во духот на спортот ќе го одбележи 8 декември-денот на патронот на градот „Свети Климент Охридски“.
Турнирот во аматерски баскет ќе се одигра на 7 декември во спортската сала во Основното училиште во „Григор Прличев“. Заинтересираните екипи ќе може да се пријават во просториите на одделението за спорт во Општина Охрид или на телефоните (046 262 493 лок.198) и 070 334 604. Секоја екипа треба да брои четири членови, а на турнирот ќе се игра според правилата за баскет.
OhridNews