Фудбалската школа „Фер Плеј“ и заедно со спортско рекреативен центар Климент Колески викендов што доаѓа ќе организираат турнир со хуманитерен карактер.


Средствата собрани од турнирот ќе бидат наменети за лекување на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо кој треба да оди на операција во Италија.

– На наш сограѓанин потребна му е итна финансиска помош за лекување во Италија. Затоа ги повикуваме сите вљубеници во детскиот фудбал да дојдат и донираат за момчето. – стои во соопштениет од Фер Плеј.

Исто така донации за популарниот Тачо можат да се уплатат на сметката во НЛБ Тутунска Банка 210501663814471.

OhridNews