Кафе бар 9 ја совлада екипата на Инекс Олгица со 4:1 во натпреварот за 3 место на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.
По два гола за победничката екипа постигнаа Кристијан Цацаноски и Јовче Китаноски, додека почесниот гол за Инекс Олгица го постигна Александар Целески.
Во големото финале вечерва играат АСП ПАК и Сатеска.
Г.М.