Големи возбудувања и неизвесност донесе неделната вечер на турнирот во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта.
Во интересен натпревар екипата на Др.Баткоски ја совлада екипата на Еко Шпар со 1:0. Голема неизвесност имаше и на натпреварот помеѓу Дооел Ноче и Македонија кој заврши без победник 2:2, по што мајсторка ќе решава која од овие две екипи ќе се пласира во елиминациската фаза.
Турнирот во Мешеишта продолжува во понеделник со 4 средби.
Распоред понеделник, 01.07.2024
20:00 Доеел Ноче – Македонија (мајсторка)
20:30 Требеништа – Бел Мерцедес
21:30 Кафе Бар 9 – Ресторан Станица Викса Пром
22:30 Гостилница Кај Мече – Вис Пој
Г.М.