Вонредно ефикасни натпревари имаше можност да проследи публиката на третиот ден од турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.

Во првиот меч одигран вечерва, Брумел со 7:2 славеше над Велио Компани.

Дури 16 гола виде публиката на вториот натпревар во кој Мешеишта ја совлада екипата на Американо со 12:4.

Во последниот меч Еко Шпар со 4:0 ја совлада екипата на на Игор Бенд Бушиноски.

Турнирот во Мешеишта продолжува во недела со три средби.

Распоред на натпревари недела, 23.06.2024:

20:30 Др. Баткоски – Кутлеш

21:30 Ресторан Станица Викса Пром – Волино

22:30 Виена Комерц – „Ри-Сте-Ви-Бој“

Г.М.