Осминафиналната фаза на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта продолжи вечерва со три натпревари.

Брумел ја совлада екипата на Вис Пој со 4:0, Виена Комерц загуби од Ресторан Станица Викса Пром 1:5, а во возбудлив меч Кафе Бар 9 ја совлада екипата на Рента Кар Кико со 3:2.

Последните патници во четвртфиналето на турнирот ќе бидат познати во недела кога се среќаваат: Бел Мерцедес – Дипсакус Вевчани (21:00ч.) и Инекс Олгица – Еко Шпар (22ч.).

Г.М.