ГРК Охрид убедливо загуби од Вардар 1961 во последниот меч од првиот ден на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ 21:34, полувреме 9:16.
По израмнетиот и тврд почеток во кој доминираа одбраните, домаќинот влезе во серија грешки кои вардарци немилосредно ги казнуваа. Разликата се зголемуваше, а нервозата во редовите на „Гладијаторите“ растеше.
Во вториот дел иста слика. Силната одбрана на Вардари и промашувањата на Охрид, често и од неизградени позиции, на скопјани им овозможи серија лесни голови. Разликата брзо стана двоцифрена и остана таква до крајот.
За играч на мечот избран беше Матијан Николиќ од екипата на Вардар кој натпреварот го заврши со 4 гола.
Статистика:
ГРК Охрид: Чаневски (4 одбрани), Ојлески, Мацуока 1, Јукиќ 5, Костов 2, Шипинкоски, Ристески 1, Бура 2, Тасески, Шафранко, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 2, Кукулоски 4, Орјоникидзе 1, Бојаниќ 1, Ѓорѓески (1 одбрана), Цирар 2,
Вардар 1961: Јагуриноси 2, Аларов, Стојановски, Георгиевски, Родригез 4, Крсманиќ 4, Еспиња (8 одбрани), Танкоски, Коиј 3, Лазаревски 3, Хориха 3, Срдановиќ 3, Николиќ 4, Петриќ 1, Мархели 4, Ќосевски 3, Мело, Гогов (1 одбрана).
Претходно Алкалоид го совлада Динамо Панчево 27:22, а Олимпијакос Ловќен со 37:22.
Турнирот продолжува во среда со натпреварите Динамо Панчево – Олимпијакос (16:30ч.), Партизан – Вардар (18:45ч.) и Охрид – Целје (21:00ч.).
Г.М.