Екипата на Олимпијакос убедливо го совлада Ловќен во вториот натпревар на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ со 37:22, полувреме 20:12.
Грчкиот тим беше убедлив од почетокот до крајот на мечот во кој разликата во квалитет дојде до израз. Црногорската екипа се обидуваше да парира на секој начин, но едноставно вечерва Олимпијакос беше пресилен за Ловќен.
За најкорисен играч на натпреварот беше прогласен Предраг Вејин од екипата на Олимпијакос.
Статистика:
Ловќен: Ѓурковиќ 1, Станојевиќ 4, Перишиќ 4, Пајовиќ 3, Лаличиќ, Радојчиќ, Чировиќ, Радовиќ 3,, Бориловиќ (2 одбрани), Божовиќ, Вујовиќ (5 одбрани), Петричевиќ 2, Вуковиќ, Брновиќ 4, Рачковиќ 1.
Олимпијакос: Константинос (4 одбрани), Димитрос 3, Георгиос, Вида 4, Григорис, Танасис 4, Панајотис (3 одбрани), Петрос 1, Периќ 5, Вујовиќ 1, Вејин 7, Л. Николаос 4, П. Николаос 2, Стефанос 1, Савас 5.
Денешната програма се затвора со натпреварот Охрид – Вардар 1961 кој се игра од 21 часот.
Г.М.