Екипата на Алкалоид со пресврт во второто полувреме го совлада Олимпијакос 28:26 (12:14), во најинтересниот натпревар одигран денеска на Меѓународниот меморијален турнир “Крсте Андоновски”.
Со оваа победа Алкалоид практично го обезбеди првото место во групата и е на чекор до пласман во финалето на турнирот.
Играч на натпреварот беше голманот на Алкалоид Иван Галевски кој имаше 12 интервенции, додека неговиот клупски колега Кизиќ оствари пет интервенции.
Претходно денеска Динамо Панчево го совлада Ловќен со 33:25, а Целје беше подобар од Партизан со 32:26.
Г.М.