Планинарската еко група „Турниме да кинисам“ од Битола беше една од најпозитивните работи кои се случија на првото издание на атлетскиот викенд Охрид трчаТ. Битолчани, кои ја пренесоа цела своја енергија на охридскиот плоштад го потврдија учеството и на годинешното коe ќе се одржи на 3 јуни.

Видеото од „Турниме да кинисам“ е дел од иновативната кампања на организаторите на Охрид трчаТ. Таа започна со видеото на најдобриот атлетичар во моментов, Дарио Ивановски, потоа продолжи со новинарите Горан Момироски и Росица Голабоска, па следуваше тим билдинг рекламата со Костал и наставничката Марија Пупиноска Гогова.


Продолжува иновативната кампања на Охрид трчаТ !

OhridNews