Забраната на алкохол во бекстејџот на членовите на групата „Take That“ се чини како логичен потег бидејќи два нивни члена имале проблеми со алкохолот. Марк Овен проговорил за својата зависност оваа година, а Роби Вилијамс наводно веќе со години не пие алкохол бидејќи претходно често се доведувал во неугодни ситуации додека бил пијан.
Тие за наредната година планираат да изведат огромна светска турнеја. Во склоп на турнејата ќе одржат 54 концерти, и на ниту еден од нив нема да пијат алкохол.