Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска објави дека ги откажува летовите за Украина и неколку градови во Русија и Белорусија.

Мерката важи до 30 јуни годинава. „Туркиш ерлајнс“ ги откажа летовите за Украина, руските градови Сочи, Ростов на Дон и Екатеринбург и белорускиот главен град Минск.

Во соопштението на авиокомпанијата се наведува дека мерката е донесена во врска со тоа што Украина го затворила својот воздушен простор за цивилни летови поради руската инвазија.

OhridNews