Влијанието на Ковид 19 на светскиот туризам е исклучително големо и предизвикува катастрофални последици, се наведува во најновиот извештај на Светската туристичка организација (UNWTO).

Најновото издание на светскиот барометар за туризам на UNWTO покажува дека речиси целосното заклучување  на светот наметнато како одговор на пандемијата довело до пад од 98 проценти во мај во споредба со 2019 година. Барометарот исто така покажува пад од 56% во периодот од јануари до мај. Претворено во бројки, тоа е пад од 300 милиони туристи и изгубени 320 милијарди американски долари, што е повеќе од три пати поголема загуба за време на Глобалната економска криза во 2009 година.

Овие најнови податоци ја разјаснуваат важноста за рестартирање на туризмот веднаш штом тоа е безбедно. Драматичниот пад на меѓународниот туризам става во ризик милиони луѓе кои егзистираат од туризмот, вклучително и во земјите во развој. Владите во секој светски регион имаат двојна одговорност: да му дадат приоритет на јавното здравство, истовремено да ги штитат и работните места и деловните активности. Тие исто така треба да го одржат духот на соработка и солидарност што го дефинираше нашиот одговор на овој заеднички предизвик и да се воздржат од донесување еднострани одлуки кои можат да ја поткопаат довербата на што работевме толку напорно за да се изгради. – изјави Генералниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвили.

Во исто време, UNWTO исто така забележува знаци на постепено и претпазливо менување на трендот, особено на Северната хемисфера и особено по отворањето на границите во Шенген зоната на Европската унија на 1 јули. Експертите очекуваат меѓународниот туризам да почне да се опоравува во втората половина на 2021 година, едновремено предупредувајќи на низа ризици и опасности по светскиот туризам, како што се патните ограничувања i затворањето на границите.

Г.М.