Развојот на туризмот и промоцијата на Охрид, треба да биде приоритет број еден за идниот градоначалник на Охрид. Вака размислуваат граѓаните на Охрид, а потврда за тоа се и нивните гласови на анкетното прашање на „Ohridnews“: „Што треба да биде приоритет на идниот градоначалник?“

Речиси половината од читателите, или 49% одговориле дека туризмот и промоцијата на Охрид треба да бидат приоритет за идниот градоначалник. По 15% од гласовите одат на урбанизамот и подобрувањето на сообраќајната инфраструктура, 11 % сметаат дека приоритет треба да биде доизградбата на колекторот и екологијата, додека 10% за приоритет го сметаат влегувањето на општината во втората фаза од децентрализацијата.

Во анктетата беа вклучени 850 читатели.

Ohridnews