Факултетот за туризам и угостителство од Охрид – ФТУ, освои четири први места на „Туризмијадата“ што од 29 април до 3 мај се одржа во Улцин – Црна Гора.


Студентите на ФТУ – Охрид триумфираа во сите дисциплини во кои настапија: фудбал мажи, ракомет (ж), кошарка (ж) и пинг понг (м).


Како што ни изјави претседателот на студентската организација при ФТУ, Дарко Максимовски, охридските студенти успехот го оствариле во конкуренција на 600 колеги од 13 факултети од Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија и Македонија.


Студентите од ФТУ – Охрид го освоија Улцин

Ohridnews