Повеќе автомобили паркирани на булеварот “Туристичка” во близина на “Рамстор”, синоќа останале без регистарски таблички.

Непознати сторитали насилно откорнале повеќе задни регистарски таблички и ги оштетиле возилата.

Меѓу оштетените се повеќе охридски, но и возила од други градови, со што е предизвикана дополнителна штета и на туризмот во градот.

Дел од табличките видно оштетени биле расфрлани во близина на местото каде се случил инцидентот.

Сопствениците на оштетените возила видно револтирани бараат расветлување на случајот но и поголема јавна безбедност,  посочувајќи дека можеби враќањето на реонските полицајци може да придонесе кон тоа.

Г.М.