Сезона е па се бара секоја можаност да се заработи парче леб. Многу семејства своите живеалишта ги подготвија, или адаптираа за издавање на туристи, само до нив не се стигнува лесно.
Конкуренцијата е голема па така се бара секаков начин да се понуди својот „производ“. За чекачите на гости и турканиците на автобуската деновиве пишувавме. Во оваа прилика за многу поинвентивен начин на привлекување гости.
соба да не треба ?!
Имено станоиздавачите ова лето почнаа да се рекламираат на најфрекфентната улица во градов, бул. „Туристичка“ , но не на билборди, туку во живо. Десетици станоиздавачи се сетиле, па на парче хартија ставиле натпис СОБИ и така ги ловат потенцијалните гости кои со своите автомобили секојдневно влегуваат во Охрид од правецот на Скопје.
повелете соба !
Топлото време е најголем противник на станоиздавачите кои сепак се упорни и добро организирани. Во секој случај, ова е далеку поприкладен начин на нудење услуги за сместување отколку турканиците при секое доаѓање на автобуси од другите градови на главната автобуска станица.
Г.М.