Можете ли да замислите вие да одите некаде на одмор, со автобус, стигнувате на дестинација, а таму да ве „пречека“ гунгула од луѓе со повици „дечки соби…смештај…купатило-туш…во центар, во центар (а тоа спрема Велгошти)…не ојте кај него, ќе в`излажит за цена – кај мене поевтино…“ итн. Ужас. Охридските „чекачи“ се еден од најголемите срамови за тнр. туристичко место број еден во Македонија.

Ако поразговарате со нив сигурно ќе ви речат дека се или стечајци или пензионери па мораат некако да го вадат лебот. А како од чума бегаат од категоризација на становите што ги издаваат. Море какви станови – сопчиња и подрумчиња кај кои веројатно не е ни можна категоризација. Сите можни простории се издадени, па за спиење на домашните им остануваат  – терасите или таваните. А кога ќе дојде некој нов на „чекање“ го прашуваат: „И ти КЛАВАШ туристи?!“ Како да се тегли со ајвар.


Штом се паркира автобусот…


…веднаш почнува ловот.


Госпоѓата со чадорот беше упорна…


…и улови два „клена“

Ги прашуваме надлежните: Има ли некој кој може да го реши овој не мал проблем? Оваа средновековна охридска туристичка „понуда“? Или толку од ЕЛИТИЗМОТ?

текст и фото:  
Спаско Костоски