Од здружението Анималиа информираат за масовно труење на кучиња во Пештани. Како што велат, фотографии на кои се кучињата, до нив испратиле странски туристи кои престојувале во Пештани и кои биле згрозени од глетката, коментирајќи дека повеќе никогаш нема да ја посетат земјава.
– Ова не е прв пат на оваа локација да се случуваат вакви нешта. Пештани стана концентрационен логор за животните, велат од Анималиа.
Оттаму со апел надлежните да преземат мерки ваквите труења на кучињата конечно да престанат и одговорните за тоа да сносат соодветни последици.
OhridNews