Владата на синоќешната редовна 72 седница усвои Информацијата за изготвување на електронски картички за патнички возила од Србија, со што се создаваат услови за ослободување од плаќање патарина во земјава на српските државјани за време на летната сезона. Одлуката се однесува на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година.
Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172.000.000,00 денари за набавка на 200.000 М – Смарт Кард на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџето. Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на РС Македонија преку Граничниот премин Табановце, информира владината прес-служба.
Владата донесе Одлука за престанување на важноста на мерката со која сите домашни и странски физички лица што доаѓаат од земјите од Африка и Бразил задолжително се упатуваа во 14-дневен карантин.
OhridNews