„Пријавувајте неправилности во областа на туристичката дејност“ е насловена новата кампањата на Државниот пазарен инспекторат, која деновиве интезивно се прикажува преку медиумите.
Оваа кампања има за цел да ја подигне јавната свест кај граѓаните и туристичките работници за подобрување на туристичките услови во сместувачките капацитети, кои се лоцирани на цела територија на Република Македонија.
Освен телефонскиот број 02/3220547 на кој може да се пријавуваат неправилности, на рекламните материјали од кампањата е истакната и електронската адреса [email protected] на која исто така може да испратат поплаки и жалби во врска со туристичката дејност.