Со дупки на сите страни, градежен шут и друг вид на отпад по средина, улицата „Даме Груев“ навистина е нешто што туристите треба да го избегнуваат ова лето. И покрај тоа што градежните активности започнаа навреме на улицата „Даме Груев“ (за потсетување тоа беше уште во март годинава), оваа улица се уште не е средена.
Од влезот од кај булевар Туристичка, асфалтирани се само 300 метри, кои се доволни да ги намамат возачите да влетаат на оваа улица, а потоа настапува вистински хорор за автомобилите. Горниот дел од улицата што води кон кружниот тек кај општата болница е блокиран од булдожер.
Улицата „Даме Груев“ претставува главна сообраќајна артерија не само во лето туку и преку целата година, а ова лето сигурно не би сакале убавиот впечаток за Охрид кај туристите да го наруши една ваква слика.
Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com