Туристите од наредната година ќе можат да го разгледуваат Охрид со посебен отворен автобус, кој наскоро ќе биде обезбеден преку тендер. Ова го соопшти Владата која најави дека планира да набави два автобуси за панорамско разгледување. Едниот, отворен автобус ќе биде за Охрид, а другиот за Скопје.

Автобусите за панорамско разгледување ќе бидат обезбедени преку тендерот за купување 302 двокатни автобуси за градскиот сообраќај во Скопје.

Панорамскиот автобус се очекува да ја збогати туристичката понуда на Охрид со атрактивни разгледи на културно-историското и природно наследство на градот.

Г.М.