Компанијата „Џенг – Џоу Јутонг“ е избрана како најповолен понудувач за набавка на 302 двокатни автобуси. Два од нив се отворени, од кои еден е наменет за панорамско разгледување на Охрид.Останатите автобуси се наменети за градски превоз во Скопје.
Кинеската компанија е втор производител на автобуси во светот, зад „Мерцедес“. „Џенг – Џоу“ Јутонг во изминатите 5 години произвела 10 000 автобуси. Македонските ќе имаат мотор со еуро 5 стандард, 60 седишта за патници, автоматска рампа и гаранција од 36 месеци.