Свежото и студено време во изминатите денови ги опустоши охридските плажи. Гостите лошото време го искористија за прошетка низ градот и разгледување на културно-историските споменици. Дел од нив сепак не сакаа да се разделат од езерото, па ако веќе не можат да се капат, уживаат во риболовот. Кејот вчера попладне беше преполн со риболовци. Ги имаше од сите генерации, повеќе или помалку искусни, со ваква или таква опрема, но сите подеднакво уживаа во неповторливиот рибарски амбиент.


На облак рибата гризе најмногу

фото: Васко Бујароски