Две лица го загубија животот, четири се во кома, а уште 13 минале со полесни повреди во тешката собраќајна несреќа што синоќа се се случи на патниот правец Прењас (Албанија) – граничен премин Ќафасан.

Како што јавија албанските медиуми, комби возило кое превезувало албански државјканки на осмомартовски викенд во Струга најпрвин удрило во електричен столб, по што завршило во канал покрај патот. Според првичните информации од истрагата возачот на комбето се обидел да избегне директен судар со друго возило, но изгубил контрола.

Повредените биле згрижени во болницата во Либражд, а четворица се пренесени на лекување во Тирана.

OhridNews