Туристичките услуги во Грција би можеле значително да поскапат од октомври кога ќе почне примената на зголемената стапка на додадена вредност. Растот на ДДВ-то се однесува на рестораните, хотелите и превозот, пишува весникот Катимерини.

Грција од минатата седмица има четврта најголема стапка на ДДВ во Европската унија од 23 отсто на угостителските услуги подготвување и служење на храна, а од октомври ќе има шеста највисока стапка на ДДВ за услуги на туристичко сместување од 13 отсто. Како резултат на растот на ДДВ-то, изгласен во вој месец во грчкиот парламент, бројни производи и услуги ќе станат поскапи.

ДДВ-то порасна од 13 на 23 отсто, а меѓу основните производи кои поскапеа се месото, маслото за готвење, оцетот, солта, цвеќето, огревното дрво, ѓубривото и санитетските производи.

Во услужниот сектор, со растот на ДДВ-то ќе бидат погодени рестораните и кафулињата, погребната опрема, такси службата, интернатите и приватните училишта, како и училиштата за јазик и и компјутери. Растот на цената на јавниот превоз се очекува наредниот месец.

OhridNews
Извор:„Макфакс“