Охрид и Струга треба да се единствени во туристичката понуда и целото крајбрежје да биде една поголема дестинација која ќе биде привлечна за туристите кои доаѓаат, смета претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.
– Мое мислење е дека во иднина треба да се воспостави бродска линија која ќе ги поврзува сите места на охридско- струшкото крајбрежје со цел понудата да биде поголема за туристот кој ќе дојде овде, вели претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.
Блажески потенцира дека во периодот од мај до октомври хотелите на крајбрежјето се исполнетост од 70%, но проблем е што најголемиот број од нив се празни останатиот дел од годината, поради што се прават стратегии. Се размислува и за тоа делод хотелите вон сезона да не работаат.
– За жал засега не ја исполнуваме ни бројката од 10.000 лежаи,а ако не можеме тогаш тоа значи и дека не сме некоја значајна туристичка дестинација, вели Блажески.
За да се исполнат поставените цели неопходно е правење на долгорочен план на чија реализација потоа ќе се работи.
OhridNews