Над 70 претставници на хотели,  тур-оператори и агенции учествуваат на третиот туристичкиот саем „ТУР ЕКС ЈУ“, што се одржува во х. Дрим во Струга. На саемот на повеќе штандови е претставена понудата за следната туристичка сезона. Годинава покрај туристичките капацитети од земјите од поранешна Југославија учествуваат и претставници од Албанија и Бугарија. Гостите од регионот беа пречекани на традиционален начин со песна и вино, а гостите можеа да вкусат и национални специјалитети од македонската кујна.



Започна третиот туристички саем во Струга

Ohridnews