Во организација на Агенцијата за промција и поддршка на туризмот македонските туристички потенцијали деновиве се презентираат на Саемот во Приштина. На брендираниот штанд „Macedonia Timeless“беше претаставен културниот и езерскиот туризам, а преставници на Агенцијата реализирале и повеќе интервјуа за медиумите од Косово.

– Во непосредни контакти со туроператорите им се презнтираа субвенциите за странски туристи, што предизвика голем интерес кај учесниците и посетителите на саемот, информираат од Агенцијата за поддршка на туризмот, чии претставници за време на саемот оствариле средба со претставници на косовската Влада.


Спротивно на песимистичките најави на охридските туристички работници, според Агенцијата за поддршка на туризмот,  заинтересираноста за туристички аранжмани за  Македонија и посебно за Охрид и Струга е голема, а бројни биле и контактите на македонските туристички работници со нивни партнери од Косово.

OhridNews