Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) е учесник на 46-от Меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград, кој се одржува од 20-23 февруари.
Македонските туристички потенцијали се промовираат на репрезентативен штанд на кој учество земаа општините Гевгелија, Дојран, Охрид и Струга, хотел Тино и Армада од Охрид. Во однос на транзитниот туризам со оглед на фактот дека Србите патуваат и во соседна Грција, македонскиот туристички сектор ја збогатува понудата за да останат ден повеќе во Македонија. Забележана е зголемена посета на винариите во винскиот регион, Дојран, Гевгелија и културните знаменитости по Е75, посочуваат од АППТ.
Секоја година, ”SAJAM TURIZMA” е домаќин на повеќе од 400 изложувачи, од над 27 земји, како и над 8.000 професионалци од туристичката индустрија, 50.000 посетители и гости.
OhridNews