Меѓу невработените охриѓани со факултетски дипломи, најбројни се менаџерите по туризам, од нив има дури 118 невработени. На вторто место се дипломците од областа на правните науки со вкупно 89 невработени, од кои 15 се од правосудна насока. Трети по бројноста се дипломираните економисти, со вкупна бројка од 60 невработени. Судбината да чекаат вработување преку охридскиот центар за вработување, ја делат и 26 лекари, 29 стоматолози и 26 учители. Исто така голема е бројката и кај менаџерите за осигурување, кои во евиденцијата се застапени со бројка од 51 невработен.
– Во целокупната евиденција на невработени, најпроменлива е состојбата кај оние со високо образование, но за жал во нагорна линија. Последниве неколку години има се повеќе невработени со завршен факултет. – велат од Центарот за вработување Охрид. Тие објаснуваат дека засега најголема среќа во наоѓањето на работа имаат информатичарите и професорите по странски јазици.
Туристичките менаџери и правниците најтешко до работа
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com