Сите заинтересирани субјекти, правни лица, владини и невладини организации од областа на туристичкото стопанство, кои во текот на ова година ќе организираат бизнис форуми и други слични манифестации, ќе може да повратат дел од вложените средства, доколку аплицираат за субвенции. Овие субвенции ќе ги доделува  Министерството за економија, во согласност со  Програмата за развој на туризмот за 2010 година.


-Бизнис манифестациите, со кои субјектите ќе може да аплицираат за субвенција, треба да бидат од значаен интерес за потикнување и развој на туризмот. Предлозите  треба да бидат доставени во вид на Програми, со содржина на форумот или манифестацијата, со кратки наведени активности и краток бизнис план. Содржината на предлозите да биде не пократка од 5, а не подолга од 10 страници.-се вели во јавниот оглас на Министерството за економија.

Предвидениот  буџет за ова намена изнесува 1 милион денари и ќе се распределува на повеќе интересни предлози. Краен рок за пријавување е  22 март 2010 година, а за подетални информации, сите заинтересирани може  да се обратат до Министерството за економија.

OhridNews