Туристички сектор и транспорот кои се најпогодени гранки во периодот на пандемија, бараат од државата да им помигне во намалувањето на штетите предизвикани од Ковид 19. Во многу незавидна ситуација се туристичките агенциит кои не бележат никакви приходи, аранжманите им се откажани, а најава за промена на состојбите нема. Тие предлагаат мерки за поддршка на туристичкиот сектор, кои ги испратиле до државата.
Агенциите предлагаат неповратна месечна финансиска помош за покривање на режиските трошоци (кирија, сметки за вода, струја, сметководство..) и тоа до 500 евра за агенциите кои имаат до 5 вработени и 1000 евра за поголемите, додека трае кризната ситуација, вклучувајќи ги и месеците април и мај.
Да се продолжи мерка покривање на плати на сите вработени во туристичкиот сектор додека трае пандемијата, минимална плата во државата 14.500 мкд со 100% платени придонеси. Да не постои плаќање 50% од наша страна, бидејќи сме затворени и немаме воопшто приходи со кои би ја покриле дури и оваа мала сума. Мерката минимална плата да важи за сите, без разлика дали некој бил во загуба или не, сепак плаќал данок. И да се помогне на новоформираните агенции кои ја немаа можноста воопшто да започнат со работа и се ставени во ситуација да отпуштаат вработени заради тоа што немаат приходи, а со досегашните мерки не беа земени во предвид. – бараат туристичките агенции.
Туристичките агенции бараат и да бидат ослободени од плаќање на ДДВ, данок на добивка и аконтација за данок на добивка до крајот на годината. За Туристичките агенции кои имаат подигнато кредити во комерцијалните банки за закупи, за одржување на тековната ликвидност, да се донесе уредба за одлагање на
враќање на истите за една година. За кредитите, пак, одобрени од Развојна банка се бара да се зголеми грејс периодот од 6 на 12 месеци, како и одобрување на бескаматни кредити за сите туристички агенции и превозници, без услови.
OhridNews