Туристичките агенции бараат укинување на одлуката на Владата при влез во државата мора да се приложи валиден негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, а потоа да се поминат и 14 дена во домашна самоизолација.
Влезот во земјата без тест за сите наши граѓани или странци значи државен карантин од 14 дена, а потоа и домашна самоизолација. Отварање на границите под овие услови ја оневозможува работата на туристичките агении. Никој нема да патува под вакви услови, велат тие. – велат агенциите.
Агенциите барааат отворање на границите без вакви рестриктивни мерки. Доколку не се отворат границите и продолжи кризата, да им се овозможи финансиска помош. Тие бараат покривање на режиските трошоци (кирија, сметки за вода, струја, сметководство..). За помалите агенции до 5 вработени, помошта да биде 500 евра месечна субвенција, а над 5 вработени по 1000 евра, додека трае ситуацијата и наназад откако е затворена границата, април, мај и јуни.
Да се продолжи мерка покривање на плати на сите вработени во туристичкиот сектор додека трае пандемијата, минимална плата во државата 14.500 мкд со 100% платени придонеси. Да не постои плаќање 50% од наша страна, бидејќи сме затворени и немаме воопшто приходи со кои би ја покриле дури и оваа мала сума. Мерката минимална плата да важи за сите, без разлика дали некој бил во загуба или не, сепак плаќал данок. И да се помогне на новоформираните агенции кои ја немаа можноста воопшто да започнат со работа и се ставени во ситуација да отпуштаат вработени заради тоа што немаат приходи, а со досегашните мерки не беа земени во предвид. -бараат агенциите.
Исто така овој сектор бара ослободување од плаќање на ДДВ, Данок на добивка и аконтација за Данок на добивка до крајот на годината. За Туристичките агенции кои имаат подигнато кредити во Комерцијалните банки (за закупи, за одржување на тековната ликвидност),пак, да се донесе уредба за одлагање на враќање на истите за една година. Што се однедува до кредитите одобрени од Развојна Банка на РСМ како една од веќе донесените мерки, да се зголеми грејс периодот од 6 на 12 месеци и да се предвидат бескаматни кредити за сите туристички агенции и превозници, без услови.
OhridNews