Охрид дури за празникот Илинден го достигна  врвот на туристичката сезона, која некогаш почнуваше со завршувањето на Балканскиот фестивал и почетокот на Охридско лето, во првата половина на  јули. Задоцнетиот туристички бран од над 30 000 гости го преплави Охрид, кој и оваа година мака мачи со лошата инфраструктура, малиот број паркинг места, узурпираните плажи и сместувачките капацитети.

Голем број гости привлекоа Пиво фестот и концертите на познати музички имиња, но угостителите само делумно се задоволни од продолжениот празничен викенд, кој според нив неможе да ја покрие слабата сезона.

-Една ластовичка не ја прави пролетта. Не треба еден ден или два дена во годината да бидат мерило за туризмот, не само во Охрид, туку и во државата воопшто. Многу граѓани, потрошувачи, не избегнуваат заради многу работи, визната либерализација, економската ситуација, но и поради други фактори кои го обременуваат охридскиот туризам. Ги имаме капацитетите и можностите, но потфрламе и за жал оваа туристичка сезона ќе се сведе на еден продолжен викенд за 2-ри Август.-изјави Ерол Сулејмановски од Еснафот на угостители – Охрид.

Г.М.