Туристичкиот сектор бара исплата на платите ветени за месец февруари, веднаш, без оглед кога мерките за помош на економијата ќе поминат во Собрание. Тие бараат помошта со исплата на плати да продолжи до моментот до кога истата ќе биде потребна, како и финансиска помош за опстанок и ликвидност на компаниите.
И по една година падот на промет во туристичките агенции е 90%, туристичките водичи седат дома, а автобусите на превозниците се паркирани и хотелите празни. Дали ова кажува дека секторот има потреба од помош?! Со затворањето на границите, заострувањето на мерките, немањето вакцини, секторот стравува од неможноста за работа и оваа летна сезона. – велат од туристичкиот сектор.
Доколку не добијат помош, постои опасност туристичките чинители да останат без работна сила, која во потрага по егзистенција ќе бара работа во други дејности, предупредуваат туристичките работници.
Доколку тоа се случи ќе бидат потребни години за повторно да се врати оваа гранка во живот. Веќе многу туристички работници, водичи, вработени во хотели и во туристички агенции почнуваат да работат на други позиции, а прашање е дали после 5 години ќе се вратат со истиот ентузијазам и квалитет во туризмот. – посочува туристичкиот сектор.
Г.М.