Туристичкиот сектор бара корекција на одлуките кои го ограничуваат бројот на патници во автобускиот превоз и поддршка за најпогодените од кризата предизвикана од вирусот Ковид 19. Воедно, туристичкиот сектор реагира и на препораките на министерот за здравство Венко Филипче да не се патува, а границите да не се отворат.
Доколку Министерот препорачува да не се патува за да се заштитат граѓаните, тогаш државата нека помогне на овој сектор и да не заштити и нас од пропаста која веќе пристигна. – велат од туристичкиот сектор.
Туристичкиот сектор бара најдоцна до 15-ти август да се измени одлуката превозот со автобуси и да се продолжи мерката за субвенционирање на платите во секторот во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.
Бараме под итно да се промени одлуката за превоз на 50% на патници во автобусите. Ниту една земја од Балканот, па и светот нема ваков протокол, авионите летаат со комплетен и полн капацитет. Додека сите агенции во светот добија прилика колку толку да закрепнат, помогнати од државата, како нивен столб и помош, кај нас како таа да прави се за намерно да останеме на улица. Нема никаква логика да остане овој протокол кога со почитување на безбедносните мерки, може да се организира патување. – се вели во соопштението.
Доколку во најкус рок не се преземат мерки за помош, секторот туризам најавува нови дејствувања и секојдневни протести ширум земјата и блокада на патиштата.
OhridNews