Како една од причините за непостигнување на договорот е меѓународниот туристички саем кој ќе се одржи во Охрид од 17-20 јануари 2008 година. На саемот се очекува учество да земат стотина претставници на национални туристички асоцијации, туроператори и туристички агенции од регионот, како и од Русија, Германија и Холандија.
По Охридското “НЕ“ челниците на федерацијата бараат ново решение, а најсериозен кандидат сега е скопската општина Аеродром, со салата „Јане Сандански“
Салата во која ќе се игра треба да биде подготвена до 25 јануари и ќе мора да биде слободна 3 недели претходно за да се постави земјена подлога, на која нашите тенисери играат најдобро.
Практично, челниците на МТФ до крајот на неделава треба да одлучат каде ќе се игра за да не дојдеме во ситуација Меѓународната федерација (ИТФ) да ни го одземе правото да го организираме мечот.