Почетокот на учебната година да стартува на 15 – ти септември со што ќе се продолжи и туристичката сезона, бараат туристички работници од Охрид и Струга. Тие за телевизија Алсат објаснуваат дека причините за ваквото барање се лошото време во јуни и случувањата во Куманово, поради што во мај и јуни посетеноста била многу слаба,а  многу од аранжманите биле откажани.

Сметаат дека треба да се следи примерот на некои од соседните држави каде учебната година почнува подоцна. Додаваат дека со тоа корист би имале и хотелите кои би излегле со поевтини, септемвриски цени.

OhridNews.