Министерот за економија Вера Рафајловска денеска ќе информира за владините предлози за измени на законските решија во туристичко – угостителската сфера.Таа на конференцијата за новинари ќе ги образложи предлозите за измени и дополнување на законите за туристичка и за угостителска дејност.

Со измените во Законот се превидува туристички инспектори да го контролираат и приватното сместување, односно под надзор ќе бидат становите и куќите кои се изнајмуваат. Че биде формирана туристичка инспекција која  ќе интервенира на повик на граѓаните.

Се предвидува Инспекцијата да врши надзор во одредувањето на минималните технички услови за работа на угостителските и туристистичките објекти, нивната категоризација, а надлежност ќе имаат и во пресметување и наплатување на туристичката такса.
Инспекторите ќе контролираат и дали угостителите се придржуваат до јавно истакнатите цени на услугите и дали за нив се издаваат фискални сметки. Ќе се утврдува и дали се почитуваат нормативите за квалитетот на храната и пијалаците, како и контрола на стоката, уредите и опремата во објектите. Се предлага тие да можат да имаат увид и во деловни книги, договорите и исправите.


Инспекцијата а не локалната ќе вршат категоризација на собите

Работата на Инспекцијата ќе се организира во рамките на новопредложената туристичка заедница, а надзорот ќе го врши Државниот пазарен инспекторат, а средствата собрани по основ на туристичка такса, ќе се распределуваат кон туристичките заедници како еснафски здруженија и кон локалната самоуправа.

Овие новини се составен дел на пакетот-закони од областа на туризмот, што се во собраниска процедура. Локалната самоуправа се спротиставува на ваквото законско речение со кое според неа се врчи директен упад во финансиското работење на локалната самоуправа, што ќе предизвика сериозни последици по развојот на туризмот.

Г. Момироски