Вечерва половина од булеварот „Туристичка“, на потегот од пазарот до излезот од градот е во мрак. Не работи уличното осветлување а единствено светло се фаровите од автомобилите и светлата од околните згради.


„Туристичка“ во мрак

Причината за ваквата состојба не е позната, но не е прв пат овој дел од градот да остане во мрак. Најпогодени се пешаците кои движејќи се по неосветлените тротоари мора да се исклучително внимателни затоа што можат да погодат некоја дупка, билборд или сообраќаен знак.

ohridnews