На дел од брегот на Охридското Езеро кај струшкото село Калишта во иднина ќе никне Туристичко развојна зона, пишуваат неколку национални медиуми. За таа цел хрватската експозитура на консултантската куќа „Horwath i Horwath Consulting“ ја изработи физибилити студијата и мастер плановите за изгледот на овој крајбрежен потег.
Според најавите зоната која ќе биде лоцирана во близина на црковниот комплекс во Калишта ќе зазема површина од 14 хектари. Во рамките на туристичкиот комплекс се предвидени хотели, 90 апартмани, 30 вили со капацитет од околу 1.000 соби за сместување, плажа, спортски објекти и други содржини.
Освен во Калишта, туртистичка зона со површина од 32 хектари ќе никне и во Дојран и истата ќе биде лоцирана на 2 километри од центарот на Стар Дојран.
Градежното земјиште за двете туристички развојни зони ќе се продава по почетна цена од едно евро за метар квадратен.
Министерството за транспорт и врски во мај 2014 година потпиша договор за изработка на неопходната документација за сите туристички развојни зони. За оваа намена од државниот буџет се издвоија средства во висина од 10.566.192 денари или околу 170 илјади евра.
OhridNews