Туристичките можности на Струга  изминатиов викенд биле  преставени во албанскиот приморски град Драч. Во присуство на голем број тур оператори и туристички агенции од Албанија, биле промовирани сите предностите кои Струга, како туристички центар им ги нуди на гостите кои што сакаат да се одмараат на Струшкото крајбрежје од Охридското Езеро.

Од струшката  локална самоуправа  најавуваат дека слична презентација на Струга наскоро ќе има и во албанскиот приморки град Каваја. Инаку, Струга секоја година има своја туристичка промоција и во главниот  град на Албанија, Тирана.

OhridNews