Возењето со автомобил по бул. „Туристичка“ деновиве се препорачува само за тие со подебели нерви. Најпрометната сообраќајница во градот во шпицот на сезоната е тесно грло низ кое дневно во обата правци поминуваат десетици илјади автомобили. Најкритичен е периодот од 18 до 21 часот кога охриѓани и туристите се враќаат од плажа. На семафорите сообраќајот го регулира полицијата со што малку се амортизира метежот.


“Туристичка“ блокирана

Ваквата состојба неминовно ја наметнува потребата од подобрување на патната инфраструктура во Охрид. Пред се итно треба да се заврши изградбата на источната обиколница која локалната самоуправа ја започна минатата година, како и северната трансферзала, ул.„Железничка“ која власта предизборно вети дека ќе биде готова за 5-6 месеци. Секако најважен проект без кој Охрид нема туристичка перспектива е изградбата на магистралниот пат Охрид-Св. Наум.

фото: Васко Бујароски