Парче камен, доволно мало да се стави во џеб стигнало во Италија во пакет испратен од Калифорнија заедно со порака на која пишувало „требаше ова да го сториме порано“. Римските археолози го прифатија извинувањето од САД, а локалниот туристички службеник ги повикал повторно да дојдат во градот.
Изгледа дека туристите долго размислувале за спорниот сувенир. Водачот на туристичкиот центар во Рим рекол дека нивната порака значи дека тие и после толку години го ценат овој град.